Во Долно Којнаре е интервенирано на опожарено моторно возило

Сподели со своите пријатели

Тимовите на ТППЕ Куманово во изминатите 24 часа бележи две интервенции, информира Регионалниот центар за управување со кризи кога утринава во с. Долно Којнаре од 05:45 до 06:25 часот било пријавено запалено моторно возило.

На лице место било интервенирано е со 1 ПП возило и петмина пожарникари, додека втората  интервенција е регистриран во с.Речица, кога била пријавена запалена сува трева.

Тимовите на ТППЕ Куманово интервенирале од 15:45 до 16:35 часот со 1 ПП возило и четворица пожарникари, јавува РЦУК.