Дариел Мелендез Давила (20) од Костарика го поминувал целото слободно време, како и неговите врсници, на плажа уживајќи во сонцето и покрај морето.
Сè додека еден ден не решил да се „вози“ на брановите и сето тоа не би било чудно ако тој нема само една нога.
View this post on Instagram
– Имав несреќа кога имав 11 години и ја изгубив. Јас навистина не сакам да зборувам за тоа, но несреќата беше поврзана со возот – изјави младиот човек за „Стабмег“.
Живеејќи во Порто Виеја, тој гледал како луѓето шетаат со штици и сурфаат секој ден, но не се осмелувал да проба, сè до пред две години, се додека не разговарал со пријател кој штотуку се вратил од кампот прилагоден за сурфери со посебни потреби.
View this post on Instagram
– Научив дека постои цела заедница и тоа ме мотивираше да започнам. Целиот процес на адаптација беше авантура, бидејќи немаше упатства како да научам некој со моја специфична попреченост да учи да сурфа. Едноставно, почнав да ги пробувам своите идеи – каде да ги ставам рацете и каде ногата, дали воопшто треба да станам или да останам седнат – вели Даријел.
Така, тој морал да развие специфичен стил на сурфање, што му овозможува да застане на таблата, но и да се држи на неа со рака, што траело околу три месеци.
View this post on Instagram
Денес, Дариел е бестрашен сурфер кој се бори со највисоките бранови, што стана инспирација за неговите колеги и многу лица со попреченост, и додека главно користи штаки на копно, тој незапирливо оди кон својата цел – пласман на Специјалната олимпијада.
Неодамна, локалните власти исто така ја препознале желбата и упорноста на Дариел во неговото хоби и му дале протеза што треба да го подобри неговиот квалитет на живот и да му помогне да ги постигне своите цели.