Во четврток вонредна летна крводарителска акција

Сподели со своите пријатели

Во текот на летниот период Институтот за трансфузиона медицина – Куманово има зголемена потреба од крвни единици.

За таа цел Општинската организација на Црвен крст Куманово организира -Вонредна летна крводарителска акција која ќе се одржи во НУЦК Трајко Прокопиев на ден 21 јули (четврток) од 09:00-14:00 часот.

Се повикуваат сите хумани граѓани да станат дел од оваа акција со цел да се спаси нечиј живот.

фото: архива