Во четврток вонредна авионска дезинсекција

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство соопшти дека во четврток на 20. август ќе спроведе авионска дезинсекција на подрачјата на 9 Центри за јавно здравје (Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес), односно на вкупна површина околу 6000 хектари, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.

Loading...

Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5:00 до 8:00 часот. За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа од прскањето.

„Станува збор за втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство заради појавата на поплави кои го зафатија подрачјето на Република Македонија.

Инаку, согласно Акцискиот план за спречување на појава и ширење на вектор преносливи болести (со посебен акцент на комарци и крлежи), секоја година, почнувајќи од месец март до септември се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.