Во четврток невреме со град, а во петок ветер до 70 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен вете, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретка појава на грмежи, особено во североисточниот дел од земјава. Минималните температури ќе се дивжат од 3 до 12, а мскималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 26 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и максимална дневна температура од 22 степени целзиусови, со услови за дожд во вечерните часови.

Во наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороендожд и грмежи.

Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално ќе има појава на невреме со град. В петок и во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од југозападен правец наместа ќе достигнува брзина и над 70 км/час.