Во четврток на „Ал Џазира Балкан“ започнува серијал за Република Македонија (видео)

Сподели со своите пријатели

Новиот серијал на емисијата „Алхемија на Балканот“ составена од девет получасовни епизоди за Република Македонија ќе започне да се емитува на телевизијата „Ал Џазира Балкан“.

Loading...

Колку е посреќна или понесреќна оваа држава од останатите во регионот?
Овие политички, но и социјални расправи ќе ја сочинуваат само третината на овој серијал за Македонија.

Премногу природни убавини, интересни места и луѓе има во таа држава за да не ги истакнеме. Македонија има богата култура, а тука е и прекрасната музика. Гастрономијата е одлична. Ајварот, пинџурот, пиперките, а врвни се и салатите и со право се наречени „најдобри во светот“. Има и природни оази, не седат сите со скрстени раце, туку се борат и производат – стои во најавата за овој серијал посветен на нашата држава.

Телевизијата „Ал Џазира Балкан“ која се емитува во сите поранешни југословенски држави, веќе работеше ваков проект за Србија, Хрватска, Црна Гора, а сега ги повикуваат гледачите од целиот Балкан да ја запознаат подобро Република Македонија.

Серијалот на програмата на телевизијата е во четврток со почеток од 21:30 часот.