Во четврток и петок прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 20.08.2020 година (четврток), во раните утрински часови на подрачјето на Куманово ќе се изврши авиозапрашување против комарци.

Loading...

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, велат од Општина Куманово.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

– Исто така на 21.08.2020 година (петок), во 01.00 часот, на територијата на општина Куманово ќе се изврши четврта терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци. Ако  временските услови не го дозволат вршењето на овој третман, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од општината

Никола Ивановски

Leave a Reply