Во четврток длабоко под минусот, затоплување од викенд

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е облачно и студено со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и јужните делови. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролопки работи.

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно и студено време со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Во Куманово и околината денеска не очекува претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди. Највисоката дневна температура ќе изнесува 1 степен, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти до -7 степени целзиусови.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени.

Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Leave a Reply