Во Чернихив вчера убиени 53 лица

Сподели со своите пријатели

Украина се надева дека ќе ги евакуира цивилите преку девет хуманитарни коридори од градовите, вклучително и Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук, додека во Чернихив расте бројот на жртви, а погодено е и училиштето во Мерефа.

Loading...

Евакуацијата би можела да дојде еден ден откако претседателот Володимир Зеленски изјави дека руските сили намерно нападнале театар во Мариупол каде што се засолниле стотици цивили.

 

Зеленски испрати порака до руската армија: Спуштете го оружјето

 

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Серхи Орлов, изјави за Би-Би-Си дека меѓу 1.000 и 1.200 цивили нашле засолниште во театарот.

Руските сили со недели го опсадуваат Мариупол и се проценува дека се блокирани околу 300.000 негови жители, кои со денови се без вода за пиење, струја и гас на студот.

Залихите на храна и лекови се при крај, а Русија не дозволи влез на хуманитарен конвој за помош на опколеното население.

Loading...

Градот е под постојан напад на руските вооружени сили од почетокот на војната на 24 февруари, а цели населби се срамнети со земја.

 

Повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина

 

Пет лица загинаа во напад врз детска болница и породилиште минатата недела.

Орлов рече дека Русија во средата нападнала конвој цивили кои заминувале од Мариупол на пат кон градот Запорожје, при што биле повредени пет цивили, меѓу кои едно дете.

53 убиени во Чернихив

Загубите растат во северниот град Чернихив, каде што само вчера биле убиени 53 лица, изјави тамошниот регионален гувернер.

Loading...

„Се соочуваме со големи загуби – вчера загинаа 53 граѓани“, изјави Вјачеслав Шаус.

Таа информација не може да се провери од независни извори, пишува Ројтерс, додавајќи дека Русија негира дека целела цивили.

Вчера американската амбасада во Киев соопшти дека руските сили убиле 10 луѓе кои чекале ред за леб во Чернихив.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Амбасадата не обезбеди никакви докази за нападот во соопштението објавено на официјалните страници на Твитер и Фејсбук.

Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите од американска страна, додавајќи дека во областа немало руски војници.

Loading...