Во Центарот за култура се отвара изложба “Жените и фотографијата “

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон при Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово на 4 март ќе се отвори меѓуклупската изложба “ЖЕНИТЕ И ФОТОГРАФИЈАТА“ што ја организира новоформираниот клуб од Куманово.

Иако млад, клубот во своите редови брои добро познати автори како во Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаја да го закитат Куманово со бројни награди и успеси.

Постановката ќе содржи фотографии на четириесет авторки.

Отварањето е закажано за 19:30 часот.