Во Будимпешта постои музеј на флипери каде туристите остануваат цел ден (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Будимпешта има уникатна атракција за љубителите на флипери.

Loading...

Во подрумот под станбена зграда во Будимпешта има вистински мал рај за љубителите на винтиџ игрите – музеј за флипери.

Отворен е од гејмерските ентузијасти пред девет години, а денес е една од најпопуларните туристички атракции во градот.

Музејот за флипери има повеќе од 160 машини, вклучувајќи и десетици аркадни машини, што го прави ова место една од најголемите колекции на играта во Европа, а во мал и бучен музеј, машините за флипери се повеќе од само игра.

Имено, сопствениците зборуваат за претходниците на компјутерските игри како временска машина до некои постари времиња.

Најпопуларните флипери се оние од осумдесетите, кои се сметаат за златно доба на играта. Некои од постарите експонати на изложбата се квалификуваат како уникатни антиквитети, како што се првите флипер машини направени во 1947 година.

За околу десет и пол евра, колку што е влезот, можете да го поминете целиот ден во музејот неуморно играјќи игри.

 

Loading...