Во Берово ноќеска беа измерени минус 19 степени

Сподели со своите пријатели

Македонија денес се разбуди со екстремно ниски температури. Најстудено беше во Берово каде се иземерени минус 19 степени, а најтопло во Гевгелија каде беше минус 2 степени во текот на ноќта.

Според метеоролозите, денес се очекува сончево и студено време со мала облачност се очекува во текот на денешниот ден, јавува УХМР.

Попладне и кон крајот на денот облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб променлив ветер.

Температурата ќе биде во интервал од -6 до 3° C.

Во наредните денови следува период на стабилно и студено време.

Утре на крајниот југ ќе има зголемена облачност, а потоа ќе биде претежно сончево. На повеќе места утринските температури ќе се спуштат под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.

Температурите ќе бидат малку повисоки во четврток и тогач дневните температури насека ќе бидат над нулата.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.