Во Берлин уапсен Германец, наводно испраќал разузнавачки информации до Русите

Сподели со своите пријатели

Германски државјанин е уапсен на аеродромот во Минхен под обвинение за предавство, бидејќи наводно бил во дослух со разузнавач и дал разузнавачки податоци на Русија, соопшти денеска Канцеларијата на главниот државен обвинител.

Loading...

Мажот, идентификуван како Артур Е., бил уапсен во неделата по пристигнувањето во Германија од САД, пренесува Ројтерс.

Се вели дека е соработник на Карстен Л., вработен во германската разузнавачка служба (БНД), кој беше уапсен во декември под обвинение дека шпионирал за Русија.

Артур Е., кој не е вработен во БНД, наводно на руските разузнавачи им ги испратил информациите што ги добил од Карстен Л., се посочува во соопштението на обвинителот.

Артур во понеделникот беше изведен пред судија на кривичниот суд и остана во притвор.

Истрагата беше спроведена во тесна соработка со БНД и американското ФБИ.

Германските власти предупредија дека руските шпионски активности можеби се зголемени, со оглед на конфликтот со Западот поради рускиот напад врз Украина.