Во Белгија е уапсено лицето кое пукаше кон невини луѓе во Париз (видео)

Сподели со своите пријатели

Полицијата го приведе Салах Абдеслам – првиот осомничен за координација на петочниот напад во Париз. Абедлсам како што јавува РТЛ радио бил уапсен во Белгија.

Loading...

UNILAD-14476088902632336

Белгиската полиција по спроведени рации во бриселскиот кварт познат како Моленбик, го привела осомничениот, а самиот дел на градот е познат како исламско упориште, јавува радиото.

Според РТ, француските и белгиските власти во пресрет на потрагата, објавија фотографија и меѓународна потерница за Абделсам во недела, откако во петок се случи крвав напад во Париз при што во пукотница загинаа 129 лица. Тие во потерницата наведоа дека се работи за човек опасен по околината и лице на кое не треба да му се приоѓа.

Capture

Дваесет и шестгодишниот Абдеслам бил жител на белгискиот кварт, велат властите, а се претпоставува дека и Абделхамид Абауд, мозокот на операцијата е истотака родум од истата населба.

Embedded image permalink

Белгискиот Ла Либре јавува дека стотина полицајци и ПП возило се распоредени на местото на настанот, а се зборува и дека во апсењето е користено и огнено оружје.

Loading...

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.