Во Бангладеш за два дена од гром загинаа 11 лица

Сподели со своите пријатели

Најмалку 11 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во удари од гром во Бангладеш во последните два дена, јави денеска Anadolu Agency.

Loading...

Како резултат на удар на гром во четвртокот, девет лица загинаа во областа Сираџањ, а двајца браќа загинаа во гром во областа Кулна во петокот вечерта.

Повеќе од 3.000 луѓе се убиени во удари од гром во Бангладеш од 2011 година, според Министерството за управување со катастрофи на земјата.

Извештаите покажаа дека речиси 70 отсто од смртните случаи се случиле помеѓу април и јуни, и дека и тоа најверојатно е една од катастрофалните последици од климатските промени.