Во автомобил на кумановец пронајдени повеќе видови прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Триесет и едгододишен кумановец бил приведен вчеравечер откако во неговото возило полицијата пронашла повеќе видови прашкаста материја.

Loading...

– На 06.10.2022 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(31) од Куманово затоа што при преглед во неговото возило биле пронајдени и одземени бела прашкаста, бела грутчеста материја, розова грутчеста материја и предмет со остатоци од бела прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски