Во Австралија измерени 50,7 степени, повторен рекордот од 1962 година

Сподели со своите пријатели

Во Австралија се измерени 50,7 степени целзиусови, јавува BBC.

Loading...

Така е изедначена највисоката измерена температура во историјата на Австралија од мерењата.

Температурата е измерена во градот Онслоу на западниот брег на Австралија.

Израмнет е рекордот од 1962 година кога на југот на Австралија се измерени 50,7 степени.

Локалното биро за метеорологија потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време.

 

 

Loading...

Клима уредите престануваат да работат

Според локалните медиуми, просечната температура во Онслоу во овој период од годината е 36,5 степени.

Два други града, Марди и Робурн, пријавија температури над 50 степени вчера, Лук Хантингтон од споменатото биро рече дека акумулацијата на топол воздух во регионот е предизвикана од недостаток на грмотевици.

Еден жител на Робурн, Марк Барат, изјави за ABC News дека температурите станале толку високи што климата во нивната канцеларија престанала да работи.

Температурите утре ќе бидат во благ пораст, а во наредните денови се очекува заладување.