Во Аргентина постои НЛО туризам (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Секоја година од 100.000 до 200.000 луѓе се качуваат на ридот Уриторко во Аргентина во потрага по авантура со вонземјани.

Колумбијката Лус Мари Лопез, која веќе 20 години е на чело на Меѓународниот центар за проучувале на неидентификувани летечки објекти, вели дека Уриторко станал едно од најпопуларните места за љубителите на НЛО.

Опасно блиска средба на авион и НЛО (ВИДЕО)

Loading...

На 9. јануари 1986. година во овој град во аргентинската покраина Кордоба се случило нешто чудно. Тој инцидент е познат под името „трагот на птиците“ и од тој настан започнува денешната опсесија со НЛО.

Тој ден во североисточниот дел на Монте се појавил летечки објект со црвени светла, кои ги виделе 12-годишно момче и две постари жени. Следниот ден нивните роднини отишле на лице место да видат што всушност се случило и пронашле изгорени траги со димензии 120 со 70 метри.

Бројни аргентински градови ја искористиле оваа приказна за да привлечат што повеќе туристи.

Дали тука навистина е можно да се наиде на НЛО? Многу гости доаѓаат да добијат одговор. Пристигнуваат во Капиља дел Монте затоа што тоа место веќе стаало популарно ширум светот, но делумно и затоа што посебно го проучувале оваа прашање.

– Се бара се, од патокази со натпис НЛО до летечки чинии о вонземски вселенски летала, а потоа велат дека виделе некоја светлина или доживеале нешто посебно, односно доаѓаат баш до тие искуства кои ги барале, објаснува Лопез.

ПЕНТАГОН МОЛЧИ: Објавена снимка од потера по НЛО (ВИДЕО)

Според нејзините зборови, 90 отсто од туристите го добиваат она што го сакаат, затоа што за тоа се подготвуваат и потпаѓаат под влијание на самата локација. Одамна имало многу скептици, но поголемиот дел од гостите се задоволни, затоа што тешко можат да видат НЛО, но сфаќаат дека оваа место сепак е посебно.

Локалниот релјеф и вегетација тука имаат посебни карактеристики и климата е необична во спроедба со соседните области.

– Луѓето чувствуваат дека ова место е необично и таа необичност остава голем впечаток, вели соговорничката за Спутник.

Освен тоа, во аргетнскиот град Капиља дел Монте постои НЛО фестивал, кој оваа година одбележува шест години постоење, како и меѓународен конгрес, посветен на истражувања во областа со НЛО, кој има веќе 20-годишна историја.

https://youtu.be/kErxM96m8vI

Leave a Reply