ВНИМАВАЈТЕ: Работи што треба да ги знаете за изгореници од сонцето!

Сподели со своите пријатели

Сезоната на годишни одмори е во полн ек и со првите денови на престој на море или езеро многумина почнуваат да се изложуваат на сонце, а тоа често завршува со изгореници.

Loading...

Покрај тоа што се болни, предизвикуваат црвенило и непријатност, изгорениците од сонце се голема опасност за здравјето на кожата, оставајќи последици дури и откако ќе поминат.

 

 

Што треба да знаете за изгореници?

– Некои луѓе се повеќе склони кон изгореници. Типот на кожа ја одредува вашата чувствителност. Луѓето со светла кожа имаат најголем ризик, но секој може да се изгори од сонце.

– Дури и без изгореници, изложувањето на сонце го зголемува ризикот од рак на кожата. Дури и ако сте потемнети или вашиот тип на кожа е темна и вашата кожа не е црвена, сонцето може да предизвика оштетување на клетките што може да доведе до рак.

Loading...

– УВ индексот е фактор. Сонцето варира во интензитет според сезоната, времето од денот и географската положба. Висок УВ индекс значи дека незаштитената кожа ќе изгори побрзо или посилно. Бидете внимателни, особено кога сонцето е најсилно. Но, дури и кога индексот е низок, ризикот сѐ уште постои, затоа се грижите за заштита во текот на целата година.

 

 

– Може да изгорите во облачен ден. Бидете внимателни дури и кога е облачно. До 80 проценти од УВ зраците можат да навлезат во облаците.

– Светло розовата боја на кожа е сѐ уште лоша. Колку и да е благо, секое изгорување е знак за повреда на кожата што може да резултира со предвремено стареење и рак на кожата.

Leave a Reply