ВНИМАТЕЛНО: Овие лекови дебелеат!

Сподели со своите пријатели

Внимавајте што голтате и во која количина.

Да се биде слаб денес претставува огромен притисок. Така во друштво сме поприфатливи и секако, попријатно се чувствуваме во сопствената кожа. Но, треба да го знаете фактот дека повеќето лекови предизвикуваат зголемување на тежината. Лекови кои предизвикуваат дебелина се стероидите, антидепресивите, лековите за смирување, лековите за мигрена и за дијабетис. На секаде во светот, потрошувачката на лекови постојано е во пораст и фармацевската индустрија е една од водечките во светот. Прочитајте на што треба да обрнете особено внимание:

Лекови кои дебелеат

–          Лекови за алергија

Особено дебелеат тие лекови што содржат дифенхидрамин и предизвикуваат моментална поспаност.

–          Антидепресиви

Некои антидепресиви влијаат на тој начин што ви го подобруваат расположението преку тоа што ви го зголемуваат апетитот за јадење. Ако забележите како навиките во исхраната ви се менуваат, веднаш побарајте да ви препишат нови лекови.

–          Контрацептивни пилули

Таблетите за контрола на раѓање можат многу лесно да доведат до дебелеење, бидејќи имаат тенденција да создадат подуеност и задржување на водата во организмот. Одберете таблети со помалку естроген или со прогестином.

–          Таблети за спиење

Овие таблети можат да бидат главен причинител за добивањето плус килограми. Затоа, никогаш не ги купувајте на своја рака, туку исклучиво со препорака од доктор.

–          Лекови за мигрена

Ваквите лекови ве поттикнуваат повеќе да јадете. Олеанзипинот и натриум валпроатот многу често ќе придонесат за брзо време да се здебелите.

–          Стероиди

Стероидите прават да се чувствувате гладни. Тие се всушност, одличен начин да си го зголемите апетитот, доколку го немате.