ВМРО-ДПМНЕ повторно ја бојкотира седницата на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Членовите на Советот на Општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија и денеска не учествуваа во работата на четвртата седница.

На претходната седница на Советот, тие во знак на бојкот за притворените сопартијци обвинети за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија си заминаа и прогласија бојкот со образложение дека нема да учествуваат во расправа за програми и буџети додека се спроведува политички прогон на членовите на ВМРО-ДПМНЕ од страна на власта.

Сепак, со доволен кворум за работа и денеска продолжи работата на Советот на Општина Куманово, каде на дневен ред се 41 точка. Без значитечна дискусија се гласаат точките од дневниот ред, а во најголем дел расправата ја води и во неа учествува претседателката на Советот Атина Мургашанска.

Моментално, Мургашанска го искористи своето деловничко право и даде пауза од половина час, по што се очекува да продолжи седницата нешто по 12:30 часот.