ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на лидерска ако ја организира Пендаровски

Сподели со своите пријатели

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на лидерска средба ако нејзин иницијатор е престедателот Стево Пендаровски, соопшти денеска лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Loading...

Мицкоски на прес-конференција ја реактуелизира потребата од итно одржување лидерска на која би се разговарало, како што рече, за актуелната политичка, здраствена, образовна и економска ситуација. Тој не прецизира со какви барања ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, ниту која ќе биде нејзината позиција ако евентуално се седне на иста маса со претставниците на владејачките партии.

– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичкиите партии, ние политичките партии да разаговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој е тој кој треба да ја свика таа лидерска средба. Ние неколку пати досега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговаат на таа лидерска средба, стојам на располгагање. Но, на еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам на ткава средба зашто не ја гледам улогата Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе учествува на лидерска ако иницијативата доаѓа од Владата.

Оценувајќи го како вистинско фијаско работењето на Владата во изминатите 100 дена, Мицкоски му порача на премиерот Заев дека е доста и дека мора да замине.

-Му порачуваме – доста беше. Заев мора да замине, за Македонија да продолжи да чекори напред. Еднаква одговорност имаат и парлемнтаните владејачки партии, одважете се и продолжете да дејствувате самостојно. Се додека Заев е приемер, идентитетот е под закана, исто како и иднината на Македонија. Нашата европска иднина е далечна, не може да се иднина Владо Бучковски или Заев, едниот е осуден за криминал, а другит аменстиран, рече Мицкоски.

Прашан со какви барања ВМРО-ДПМНЕ би настапила на лидерската средба, Мицкоски одговори дека прво треба да се случи лидерската средба, да се види кој ќе биде дневниот ред и врз основа на тоа да излезат со своја позиција.

-Да го дополниме тој дневен ред, ако видиме дека тоа што е опфатено за таа лидерска средба ги содржи барањата или не. Доколку не ги содржи, ќе предложиме дополнување на тој дневен ред. Доколку и тоа дополнување се игнорира, нема да бидеме дел од лидерската. Не планимарме да бидеме кловнови и да изигрувамре циркуска атракција таму. Или ќе зборуваме за суштина или театри не ни требаат, доста е, народот е уморен, изјави Мицкоски. 

Мирјана Чакарова

Loading...

Leave a Reply