ВМРО ДПМНЕ и ДУИ бараат укинување на лустрацијата

Сподели со своите пријатели

Група пратеници од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ денес предложија нов предлог закон за престанок на важноста на Законот за лустрација.

Loading...

Според текстот на предлог законот, од 1-ви септември 2015, Комисијата за верификација на факти, нема да има мандат да покренува нови постапки, а оние што се отпочнати ќе се завршат според постојната регулатива.

Лицата кои добиле конечни решенија, како соработници на органите за државна безбедност, нема да имаат право на вршење јавна функција во период од 5 години.

Со овој предлог закон се бара од комисијата да го предаде регистерот на соработниците и целокупната документација на државниот архив.

Мандатот на комисијата ќе заврши со конечното завршување на отпочнатите постапки.

Преиспитувањето на целиот процес на лустрација беше препорачано во последниот извештај на експертскиот тим на Европската Комисија.