Влегол во шума со најосновните предмети, не излегол цели 27 години, додека не го уапсиле

Сподели со своите пријатели

Во 1986 година, тогаш 20-годишниот Кристофер Најт заминал во една шума во руралниот предел на американската држава Мејн. Го оставил својот автомобил, а со него зел само основи работи за кампување, влегол во шумата и не излегол цели 27 години. Откако намерно се изгубил во шумата пронашол дел кој ќе го прогласи за свој дом, мала чистинка во густата шума околу езерото Норт Понд.

Loading...

Ја раширил церадата меѓу дрвјата, наместил мал најлонски шатор и се сместил. Бил целосно сокриен од светот и покрај фактот дека всушност престојувал само неколку минути одење од една од стотиците мали летни куќи кои биле долж езерото.

Најт преживувал така што провалувал во куќичките и локалните центри од кои крадел залихи. Секогаш земал само она што му е потребно, храна, плин за готвење, батерии и книги. Се обидувал постојано да прави што помалку штета, но голем број провали, над 1.000 во текот на сите години, што ги вознемирило сопствениците на куќите, па ја алармирале полицијата која поставила замка и го фатила Најт на дело.

Писателот Мајк Финкер го посетил Најт во затвор кога пишувал книга за него и неговото бегство од светот. Првин го прашал најочигледното – зошто му свртел грб на светот и заминал да живее целосно сам.

– Крис Најт рече дека се чувствувал многу неудобно постојано да биде опкружен со луѓето. Мислев дека нешто му се случило за да го предизвика тоа чувство. Се прашував дали направил некој злочин, дали го било срам од нешто, но упорно тврдеше дека не се случило ништо, туку просто чувствувал силна желба да биде сам, како целото тело да му зборувало дека ќе му биде подуобно ако живее одвоен од светот, рекол Финкел за ВВС.

Желбата била толку силна што минал скоро три децении, а со никого не прозборил ниту еден збор. Само еднаш во целите 30 години поздравил еден планинар на кого случајно налета, накде во деведесетите години.

И покрај тоа што зимите во Мејн се остри, температурите знаат да се спуштат и до 20 степени под нулата, Најт вели дека никогаш не запалил огин, бидејќи се плашел дека чадот би можел да привлече нечие внимание.

– Многу работи во неговата приказна беа интересни. Среде зима да одите да кампувате во некоја шума во Мејн и цела ноќ да минете во шатор без огин, би бил импресиониран. Најт тоа го правел 27 зими, рекол Финкел.

Loading...

Најт му раскажал дека наместо греење со огин, рано одел на спиење, веќе околу седум навечер, би го наместил будилникот во три наутро, најстудениот период од ноќта. Во три часто би станал и чекорел до утрото, за да остане затоплен.

Финкел го интересирало и како го минува времето.

– Малку читал книги, малку решавал вкрстени зборови, но тие работи не ги правел поголемиот дел од времето. Она што го правел е ништо, не правел ништо, вели тој.

Откако е приведен на 4ти април 2013 година, осуден е на седум месеци затвор. Во затворот го посетувал Финкел кој добил дозвола да може да го интервјуира девет часа, но морал да доаѓа секој ден по еден час.

Кога го фатиле не бил сигурен колку години има, затоа што низ годините изгубил ориентација за времето, ниту знаел која е годината.

На прашањето на полицијата, која го фатила така што на подрачјето каде што крадел поставила камери, што прави во шумата, рекол дека во шумата е од катастрофата во чернобил. Тој настан му бил временска референца.

По излегување од затворот Најт се вратил во домот на родителите и живее со својата мајка.

Image by Free-Photos from Pixabay

Loading...

Leave a Reply