Влечејќи автобус со својата коса сруши нов гинисов рекорд (видео)

Сподели со своите пријатели

Индијката Аша Рани чиј прекар е „The Iron Queen“ го срушила гинисовиот и светскиот рекорд во влење автобус со коса во женска конкуренција.

Таа успеала со својата долга коса да повлече лондонски автобус во една италијанска емисија. Индијката со својата коса и сила успеала да го повлече дабл-декер автобусот кој притоа и не би празен. Во него имало дури 32 патници, така да целосната тежина изнесувала 12 тони.

Во 2014 година го срушила светскиот рекорд за најголема подигната тежина со очните капаци од 15,15 ккилограми, а година дена претходно во 2013 влечела 1.700 килограми тешко комбе во натревар во Англија. Исто така влечела и возило цели 25 метри со заби и тоа за 22, 16 секунди, рекорд кој го поставила во Индија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.