Властите во Запорожје ги повикаа Украинците да се евакуираат

Сподели со своите пријатели

Членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, го повика населението што живее во регионите на Украина контролирани од Киев да се преселат на териториите контролирани од руските сили.

Loading...

– Зимата е близу, а, на пример, во градот Запорожје, кој е привремено под контрола на режимот Зеленски, централизираното снабдување со топла вода е веќе исклучено, цените постојано растат, па грејната сезона таму очигледно ќе биде нарушена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: 200 украински националисти убиени во Краматорск

Значи, ако луѓето сакаат, можат да се евакуираат на ослободените територии. Сигурно ќе биде топло, безбедно и со топла вода, изјави Рогов, пренесува РИА Новости.

Според него, во областа Запорожје во тек е изградба на гасовод кој ќе овозможи снабдување со гас од Русија.

Во средината на март, руските сили ја презедоа контролата врз Херсонската област и Приазовскиот дел од Запорожјската област во Украина.