Властите на Памплона ги повикаа жените да учествуваат во трката со бикови

Сподели со своите пријатели

Властите на шпанскиот град Памплона се обидуваат да ги уверат жените дека ќе бидат безбедни во текот на трката со бикови во тој град, а се погласни се и повиците за бојкон поради случај на сексуален напад на една девојка пред две години.

Фестивалот започнува во петок, а градските челници започнале кампања под името „Памплона – без сексуални напади“.

Шпанскиот суд кон почетокот на годината за сексуално вознемирување осуди петмина мажи кои во 2016 година нападнале 18-годишна девојка. Тие се ослободени од обвиненијата за силување, а во јуни се пуштени со кауција што повторно предизвика протести.

КРВАВА ЗАБАВА: Бикови трчаа и маваа луѓе низ улиците (вознемирувачко видео)

Loading...

Овој фестивал скрена внимание на родовата нерамноправност во Шпанија, но и на сексуалните кривични дела за време на фестивалот поради што властите во градот започнаа борба во 2014. година, пренесува Ројтерс.

– Би сакала да им порачам на жените дека Памплона е град чии инсититуции и општество истакнуваат дека нема да дозволат напади, рекла членката на градскиот совет задолжена за безбедност Исар Гомес.

Ова сигурно е место со поддршка на општеството, институциите и полицијата, додава таа.

– Сега повеќе од било кога ние жените треба да ги исполниме улиците и ноќта затоа што имате уверувања дека на улиците жените се со вас, порачала Гомес.

Фестивалот на кој се одрѓува трката со бикови низ тесни улици во Памплона започнува во петок.

Leave a Reply