Лидерката на Хонг Конг Кери Лам изјави дека ќе го повлече контроверзниот предлог-закон за екстрадиција, што предизвика демонстрации во градот.
Кери Лам претходно го суспендираше нацрт-законот, но демонстрантите продолжија да излегуваат на улиците затоа што не веруваа во намерите на властите и дека нема и формално да го повлечат контроверзниот закон.
Ламова го објави ова по средбата со пратениците од Пекинг, делегацијата на Хонг Конг во Националниот народен конгрес и со членовите на Народната кинеска политичка консултативна конференција, јавуваат повеќе кинески медиуми.
Владата официјално ќе го повлече предлог-законот за да се отстрани јавната загриженост, рече Ламова.
Предлог-законот предвидуваше екстрадиција на осомничени лица за кривични дела во централна Кина. Ова доведе до протести кои прераснаа во немири и напади врз полицијата. Демонстрантите окупираа неколку згради, вклучувајќи го и Градскиот парламент.
За време на протестите беше блокиран и аеродромот во Хонг Конг.