Власта со закон забрани повторно објавување на ”бомбите на СДСМ”

Сподели со своите пријатели

Денеска во архивата на Собранието на република Македонија е предаден предлог Закон кој предвидува минимум четири години затвор ако медиум објави прислушкувани разговори или транскрипти.

Loading...

Овјавувањето на материјалите од ваков тип нема да биде забрането само во државата, туку и во странство, а доколку овие разговори бидат причина за нечија смрт, казната се зголемува на минимум 10 години затвор, според член 3 од предлог законот.

Предлог законот кој предвидува забрана овие материјали да бидат објавувани на медиуми интернет портали или социјални мрежи е предложен од страна на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Според истиот закон на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сите медиуми од своите веб страни ќе бидат задолжени да ги отстранат сите текстови поврзани со прислушкуваните материјали, односно бомбите кои ги објавуваше лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, ниту пак некогаш ќе смеат да ги објават или користат повторно, во спротивно ќе одговараат кривично.

Пратеникот Џафери тврди дека СДСМ се согласиле за законот, но по само половина час по обелоденувањето реакција на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Едните тврдат дека не знаеле за законот, другите дека е ова е прифатено од лидерите на партиите во присуство на амерканскиот амбасадор.

Законот е предложен по скратена процедура, а ќе стапи на сила пет дена откако ќе биде објавено вос лужбен весник. По тие пет дена медиумите кои поседуваат вакви материјали во своите архиви или на своите веб портали ќе мора да ги предадат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нема да смеат да задржат било какви копии кај себе.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.