Власта и опозицијата се договорија: Избори на 15ти јули

Сподели со своите пријатели

Власта и опозицијата се договорија за избори на 15ти јули, а одлуката денеска на прес конференција ја соопшти лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Loading...

Како што рече Заев ова е последен датум и единствен за избори на кои ќе учествува и опозицијата.

– Го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум на избори на кој гарантирано ќе учествува опозицијата. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и ми потврди дека е подготвен да учествува на избори, изјавиЗаев.

Тој го повика Мицкоски да излезе и јавно да го потврди датумот.

Сепак за да се одржат овие избори, ќе се бара претседателот на државата Стево Пендаровски да прогласи нова вонредна состојба за да се направат и измени во Изборниот законик.

Бидејќи 15 јули е среда, а не недела, ќе мора да се направат законските измени. Ќе се гласа и на 13 и 14 јули (понеделник и вторник) кога своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, лицата што се позитивни на ковид-19, како и оние што се во самоизолација. Молкот, пак, ќе настапи на 12 јули, недела, на полноќ.

Периодот за гласање на 15 јули, како што рече Заев, ќе биде зголемен, па наместо од 7 до 19 часот, би се гласало два часа подолго, односно од 7 до 21 часот.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply