Владимир Путин упати нови закани до Украина

Сподели со своите пријатели

„Во случај Украина да продолжи со терористички акти, ќе следи остар одговор од Русија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната седница на Советот за национална безбедност.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се закани на Украина и ја обвини за нападот на мостот на Крим, велејќи дека тоа е терористички акт.

Тој ја предупреди Украина дека ако продолжат, Русија ќе одговори посилно.

Тој посочи дека цел на денешниот напад на Украина биле воени објекти и електрични мрежи и други комуникациски објекти.

„Злосторствата на режимот во Киев не можат да останат без одговор“, рече Путин, додавајќи дека Украина „се обиде да го крене во воздух“ гасоводот „Турски тек“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.