Пратениците на јужнокорејската владејачка Партија на народна моќ (ППП) денеска одлучија да не го поддржат барањето за отповикување на претседателот Џун Сук-Јол и предлог-законот за истрага на специјалниот обвинител на првата дама Ким Кеон-Хје, пишува Јонхап.
Лидерот на јужнокорејската владејачка Партија на народна моќ (ППП), Хан Донг Хон, претходно денеска изјави дека предвремената оставка е неизбежна откако јужнокорејскиот претседател јавно се извини за воведувањето воена состојба и ја укина неколку часа подоцна.
„Заминувањето на Јун е неизбежно“, рече Хан, додавајќи дека претседателот повеќе не е во позиција ефикасно да ги извршува своите должности, објави Јонхап.
Изјавата на Хан уследи по обраќањето на Јун до нацијата, во кое тој рече дека прашањето за неговиот мандат ќе биде оставено на ЈПП, имајќи предвид дека парламентот закажа гласање за негова смена поради прогласувањето на воена состојба.
Хан, поранешен обвинител и поранешен близок соработник на претседателот, исто така најави дека ќе се консултира со премиерот Хан Дук Су за клучните прашања, особено оние поврзани со животниот стандард на граѓаните, за да се минимизираат потенцијалните негативни ефекти.
После тоа, лидерот на ЈПП одржа итен состанок со премиерот на кој разговараше за итни прашања.
Парламентот на Јужна Кореја закажа гласање за импичмент на претседателот Јун бидејќи неговото воведување воена состојба предизвика политички хаос во земјата.
Гласањето за предлогот на опозицијата ќе се одржи денеска во 17 часот по локално време, но се уште не е јасно дали опозицијата, која има 192 од вкупно 300 пратенички места во Собранието, ќе успее да го обезбеди двотретинското мнозинство потребно за негова смена. .
Собранието, исто така, ќе гласа за нацрт-законот за формирање специјално обвинителство кое ќе ги испита наводите за корупција и изборни манипулации од страна на првата дама Ким Кеон-Хје, на што Јун трипати стави вето.
За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство.
Исто така, опозицијата планира да поднесе предлог за импичмент на министерот за внатрешни работи Ли Санг Мин, кој според нивните тврдења бил клучен актер во воведувањето на воената состојба, пренесува Танјуг.