Владата заседава, Филипче закажа прес конференција

Сподели со своите пријатели

Во моментов Владата на седница одлучува по препораките од Комисијата за заразни болести за евентуално воведување на полициски час во престојниот продолжен викенд.

Loading...

Според Комисијата се препорачува целосен полициски час за Скопје, Штип, Куманово со Липково и Тетово кој би почнал утре од 21 часот и да трае до понеделник до 5 часот наутро.

За сите останати општини се предлага полициски час од 16 до 05 часот наутро, за петок, сабота и недела.

Моментално владата заседава во однос на ова прашање, а во 20 часот прес конференција закажа министерот за здравство Венко Филипче кој ќе ги соопшти одлуките.

Никола Ивановски

Leave a Reply