Владата закажа седница за во 17 часот

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 17 часот ќе одржи седница, информираат од прес службата.

Како што појаснуваат, седницата  ќе се одвива преку видео-конференциска врска, а за заклучоците од истата ќе информираат по нејзиното завршување.

Loading...

Се очекува на оваа седница Владата да се произнесе по препораката на Комисијата за здравство за полициски час за време на претстојниот викенд, кој според нив треба да започне во сабота во 19 часот и да трае до вторник до 5 часот наутро.

Никола Ивановски

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *