Владата во 13:00 часот ќе одржи седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска, 3.9.2020 година (четврток) со почеток во 13:00 часот во свечената сала ќе ја одржи втората седница.

Loading...

На седницата, претседателот на Владата Зоран Заев на министрите ќе им ги предаде мандатните писма со утврдената мисија и задачи во нивниот мандат.

Воведниот дел можете да го следите и преземете од Јутјуб каналот на Владата или од фејсбук страницата на премиерот Зоран Заев.

Leave a Reply