Владата официјално предложи воведување вонредна состојба

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија официјално испратила предлог до Собранието за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава.

Loading...

Но, како што информираше премиерот Оливер Спасовски, со оглед дека Собранието е распуштено, а согласно Уставот на државата, претседателот Стево Пендаровски може да ја донесе оваа одлука во времетраење од 30 дена.

– Заканата од вирусот бара радикални мерки, затоа Владата донесе одлука да предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Упатуваме апел да се донесе оваа одлуа. Собранието е распуштено но постои уставна одредба дека претседателот има овластување да прогласи вонредна состојба од 30 дена. Треба само силна волја и висока идогвоорност да ја прифатат оваа реалност и да овозможат функционална рамка, рече Спасовски.

Како што појасни Спасовски, ова не значи ограничување на правата и слободите на граѓаните и забрана за движење, но доколку дојде до тоа, одлуките ќе се носат на дневно ниво.

– Вонредната состојба само и дава можност на Владата и се создаваат услови за брзо и ефикасно спроведување на превенција и заштита на граѓните, за заштита и одбрана на нашето општество и на крајот на нашата економија. Само со вонредна состојба Владата ќе може да делува непречено во борбата со вирусот, само со вонредна состојба владата ќе може да спроведува мерки за спас на економијата и помош на погодени граѓани и компании. Се создаваат услови сите кои учествуваат во бробата, здравствените работници, полициски службеници, припадници на Армијата, службениците, институциите, владата, работниците во произоводството успешно да ги исполнуваат своите задачи во оваа хуманитарна криза, појасни Спасовски.

Ова ќе биде прв пат државата да го активира овој член од Уставот, вели премиерот Спасовски.

Никола Ивановски

Leave a Reply