Владата објави повик: Бара хотели за формирање карантин

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија објавува јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.

Loading...

Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.

Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, понеделник, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected]

Интегрално соопштение: Влада на РСМ


Leave a Reply