Владата ќе ја одржи својата 131 редовна седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 131 седница со повеќе точки на дневен ред од програмата за работа и од интерес на граѓаните.

Loading...

На оваа седница Владата на РСМ ќе ја разгледа Информацијата за одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 во Република Северна Македонија и формираната Меѓуресорска работна група (оперативен тим) за преземање активности за реализација и имплементација на Системот за итни повици Е-112 во Република Северна Македонија, што ќе ја презентира Центарот за управување со кризи.

На предлог на Министерството за економија, на седницата ќе биде разгледана и Информацијата за склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерство за економија на Република Северна Македонија и Министерство за трговија и индустрија на Република Косово во врска со контролата на стратешки стоки.

Владата на Република Северна Македонија на седницата ќе биде запознаена и со Информацијата за напредокот на имплементирање на Стратегискиот одбранбен преглед за 2018, како и за работењето на Економско – социјалниот совет во 2018 година, што за оваа седница го предлага Министерството за труд и социјална политика.

Денеска владата ќе се произнесе по Предлог – решението за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Северна Македонија.

Владата треба да донесе мислење и за Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2018 година, како и за Извештајот за работата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за минатата година.

На денешната седница на предлог на Секретаријатот за европски прашања ќе биде разгледана информацијата за организацијата на настан по повод одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа.

Седницата на Владата на РСМ е предвидено да започне во 12:00 часот.

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *