Владата ќе ја одржи деветтата седница

Сподели со своите пријатели

Владата денеска ќе ја одржи редовната деветтата седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината служба за информирање.

Loading...

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што се посочува, Владата ќе ја разгледа Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа година, во која се донесува нова дополнителна подмерка за директни плаќања за произведено и предадено грозје за сортите: смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка, кадарка во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, согласно претходно донесен заклучок.

На седницата ќе биде разгледана и Предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2021 година како прв чекор во спроведувањето на процесот на стратешко планирање 2021-2023 и операционализација на Програмата за работа на Владата во периодот 2020-2024 година.

Седницата на Владата е предвидено да почне 12 часот.

Рената Пепељугоска

Leave a Reply