Владата ќе ја одржи 30. седница

Сподели со своите пријатели

Предлог-програмата за изменување на Програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-програмата за изменување на Програмата за статистички истражувања за периодот 2018-2022 година се некои од точките кои ќе се најдат на дневниот ред на денешната редовна 30. владина седница.

Loading...

Пред членовите на Владата е и Извештајот за спроведување на Законот за субвенционирање станбен кредит со Предлог-одлука за времетраење на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2021 година.

Седницата, како што соопшти владината прес-служба, е закажана за 12:00 часот и ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, а заклучоците и одлуките ќе бидат писмено соопштени.

Мирјана Чакарова

Leave a Reply