Владата ќе испрати финансиска помош од шест милиони денари за Хрватска

Сподели со своите пријатели

Владата денеска донесе одлука да испрати финансиска помош од шест милиони денари во Хрватска по силниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер во Петриња. Веста на Фејсбук ја соопшти премиерот Зоран Заев.

Loading...

– Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам сочувство за жртвите, напиша Заев на Фејсбук.

Билјана Анастасова-Костиќ

Leave a Reply