Владата ќе дели ваучери за туризам од 6.000 денари

Сподели со своите пријатели

Ваучер за туризам во вредност од 6.000 денари ќе добијат сите граѓани кои остваруваат ниски приходи, ова е одлуката од денешната 59та седница на Владата на Република Северна Македонија.

Loading...

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.

Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

Leave a Reply