На 100-тата седница, Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена.
Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси – вклучително и човечки, технички и логистички – остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и да се заштити населението од огнените стихии.
Поради висок ризик од шумски пожари во државата, упатен е апел до граѓаните за зголемена внимателност и почитување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, која е на сила од 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година.
Сите оние кои нема да се придржуваат кон оваа одлука, донесена за спречување на пожари, ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра.