Владата им препорача на локалните самоуправи да го остранат Сонцето на Вергина

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска ја усвои информацијата со која се препорачува на единиците на локална самоуправа да го остранат Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.

Loading...

– На денешната седница беше разгледана и усвоена информацијата за имплементација на член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните. Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3)  од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба, стои во соопштението на прес службата на Владата.

Leave a Reply