Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, што се продаваат на територијата на нашата држава, а којашто се однесува на првиот квартал од 2019 година.
Како што информираат од прес службата на Владата, задолжено е Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат да продолжи да доставува до Владата информации за извршените контроли за квалитетот на детските играчки, како и Инспекторатот да спроведе вонредна масовна контрола за квалитетот на играчки коишто се продаваат на територијата на нашата држава.