Владата денеска ќе ја одржи редовната, 48-ма седница

Сподели со своите пријатели

На предлог на министерството за правда, министрите ќе го разгледаат предлог – законот за изменување и дополнување
на Законот за заштита на укажувачи по скратена постапка.

На дневен ред е ставен и Предлог – законот за ратификација на Дополнителниот Протокол 5 на Договорот за изменување
и пристапување на Централно Европскиот Договор за слободна трговија.

Министрите, во рамки на седницата, исто така ќе ја разгледаат и информација за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија – Четврт круг на тема: “Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“- Втор ситуациски извештај на Република Македонија.

Како точки за информирање, на денешната седница меѓу другите, ќе биде разгледана информацијата за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан годинава, „Одлучна поддршка“.

Почетокот на 48-мата седница на Владата на Република Македонија е закажан за 15 часот.