Вкупно 64 болни и немоќни лица гласаат утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четири болни и немоќни лица од Општина Куманово утре ќе имаат можност да го остварат правото на глас за референдумот треба да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќње на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.

Право на глас утре ќе имаат и осум лица во Липково, додека во Општина Старо Нагоричане никој не доставил барање за гласање на болно и изнемоштено лице.

На полноќ започна и предреферендумскиот молк кој ќе трае 48 часа. Во недела право на глас имаат 1.806.336 гласачи. Гласањето започнува во 7 часот наутро и ќе трае се до 19 часот.

На подрачјето на Општина Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места, каде право на глас можат да остварат 92.500 граѓани. Во Општина Липково право на гласт имаат 25.200 жители кои ќе можат да гласаат на едно од 36те избирачки места. Во Старо Нагоричане на 38те избирачки места ќе можат да гласаат 3.363 лица кои се наоѓаат на избирачкиот список.

На последните локални избори право на глас во Куманово имале 92.639 граѓани, Во Липково 25.070, а во Старо Нагоричане 3.428 граѓани.

Официјалната бројка од ДИК на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, на странските набљудувачи е 493, а меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи.

Покрај домашни, референдумот ќе го следат и странски новинари. ДИК акредитирала 83 новинари од 32 медиума, но, како што информираат оттаму, неколкумина новинари биле одбиени поради тоа што доставиле барање за акредитации по истекот рокот кој заврши на 24 септември на полноќ.

Најмногу набљудувачи акредитирало Здружението за граѓански политики и иницијативи 5.574, потоа Сојузот на Здруженија на граѓани Македонска платформа против сиромаштија 3.736, НОВ МОСТ 1.882, Цивил – Центарот за слобода 307. Здружението Ленка 129, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце 119 набљудувачи, Здружението Национален ромски центар 46, Европско движење за град Скопје 44, Здружението Инклузива 40 и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид 30 набљудувачи.

Референдумот во недела ќе го набљудуваат 197 монитори на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, а тие акредитирале и 129 преведувачи.

Leave a Reply