Вкупно 305 бегалци останаа во Транзитниот центар Табановце

Сподели со своите пријатели

Следејќи ги извештаите на Регионалниот центар за управување со кризи кои се задолжени за следење на состојбата во Транзитниот центар на Табановце, може да се забележи дека бројката на бегалци кои се таму константно и натаму опаѓа.

Заклучно вчерашниот ден вкупно 305 бегалци се наоѓаат во кампот на Табановце, за разлика од некогаш кога селото беше претесно да ги собере илјадниците бегалци кои останаа заглавени, откако Европа реши да ги спушти своите рампи. Точно еден месец претходно беа регистрирани 955 бегалци, сега бројката е намалена скоро за три пати.

Според волонтерите во Транзитниот центар ваквата намалена бројка е резултат на тоа што бегалците веќе неколку месеци се заглавени во кампот и нивното трпение излегува од контрола. Дел од нив заминуваат за Гевгелија, а дел го напуштаат кампот и се одлучуваат своите судбини да ги остават во рацете на криумчарите.

Веќе на сите нив им е јасно дека Европа засекогаш им ги затвори вратите.