Вкупно 14 државни награди за учениците од УОМО ”Панче Пешев”

Сподели со своите пријатели

На државниот натпревар на млади музичари од основните и средни музички училишта кој се одржа во Скопје од 22 до 24 април, учениците од УОМО ”Панче Пешев” од Куманово, освоија многу награди, соопшти денес директорот Ивана Андоновска – Свилар.

Loading...

Учениците од нижото музичко училиште се натпреваруваа во повеќе категории, и дома се вратија со многу освоени прво, второ и трето место, вели Свилар.

 

На натпреварот по инструмент хармоника, нашиот ученик Милош Станковиќ освои прва, додека втора награда му припадна на ученикот Филип Трајковски. Двајцата ученици посетуваат настава во класа на професорката Светлана Трајковска. Во категорија пеење, ученичката Марија Петковска од класа на м-р Ивана Андоновска – Свилар освои втора награда. Во категорија виолина, прва награда зема ученичката Наоми Георгиевска, додека трета награда освоија Михаил Кимевски и Фадбарха Далипи од класата на професор Риана Рамиз. Ученикот Ајза Зеќири доби пофалница за учество, вели Свилар.

Во циклусот награди, учениците од УОМО ”Панче Пешев”, освоија и награди во категорија гитара и пијано.

Ученичката Анастастија Филиповска од класата на Антонио Тоскиќ освои трета награда на натпреварот по гитара. Учениците Дрин Салиу и Ермира Бектеши беа втори, додека Марко Насковски и Емира Муслиу освоја трета награда во категорија пијано, кои посетуваат настава во класата на м-р проф. Сандра Зојчевска. Трета награда освоија и Марио Петковски и Теофанија Георгиевска, истотака на пијано, во класата на м-р проф. Маргица Димитровска. Ученикот Дуран Дуров истотака освои трета награда, кој посетува настава на проф. Мирјана Атанасовска – Кузмановска, соопшти директорката Свилар.

Минатата недела, на 13 – тиот меѓународен натпревар на млади музичари кој се одржа во Уб , Република Србија,  тројца ученици од УОМО ”Панче Пешев” од Куманово кои посетуваат настава во класата на проф. м-р Сандра Зојчевска се вратија дома со три први места.

 

 

 

Loading...

 


Leave a Reply