Визер воведува нови евтини летови за три европски дестинации

Сподели со своите пријатели
Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air го најави своето понатамошно проширување со три нови рути од Скопје, и тоа со воведување на евтини летови до Берлин, Копенхаген и Братислава.

Wizz Air ќе започне да лета до Берлин од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се спроведуваат од 22 и 28 март. Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата.

Loading...

“Wizz Air денес уште еднаш ја нагласи својата посветеност во Македонија, преку главниот аеродром во Скопје. Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21 во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите рути се веќе во продажба од денес, потикнувајќи ги нашите патници да добијат билети по најниски цени на wizzair.com, мобилниот веб-сајт или преку нашите смартфон апликации”, изјави Тамара Мешвениераџе од Wizz Air.

Wizz Air сега нуди вкупно 24 рути кон 11 земји од двата негови македонски аеродроми во Скопје и Охрид. Билетите за најновите правци на Wizz Air се веќе во продажба и можат да се резервираат на wizzair.com. Авиобилетите се во продажба и тоа од само 599 денари.